Котлети од лосос печени во фолија

Екстра брз и екстра здрав ручек! Што подобро од лосос? Навистина, лососот не евтин да се купи свеж, но замрзнатите котлети од лосос даваат речиси ист ефект во однос на вкусот, а се далеку поевтини. Верувајте, секој залак вреди! А тоа дека ова превкусно јадење се подготвува за 30 минути е сосема друга категорија на задоволство. Кој нема пробано лосос - веднаш да проба!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 25 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
  • 600 замрзнати котлети од лосос (4-5 средни котлети)
  • 2 tsp вегета или сол
  • 1/2 tsp црн бибер
  • малку путер (за секое парче лосос, како и за зеленчукот)
  • 200 g мешан зеленчук по избор
Инструкции
  1. Одмрзнете ги лососовите котлети, па ставете го секој од нив на парче алумниумска фолија. Зачинете ги од двете страни со сол (вегета) и бибер и додадете им по малку путер. Завиткајте ја убаво фолијата на секое парче лосос и наредете ги на плех за печење.
  2. Зеленчукот (јас ставив печурки, карфиол, морков и брокула) исто ставете го во алуминиумска хартија, зачинете го со сол, ставете парче путер и убаво завиткан ставете го на истиот плех каде што се котлетите.
  3. Печете 25 минути на 185 степени. Зеленчукот декорирајте го со балсамико дресинг.