Интегрални ѓевреци: Песто Капрезе

Количина 6 Порции Комплексност:Средна Подготовка: 15 мин. Готвење: 45 мин. Вкупно време 1 ч.

Е многу сакам интегрални ѓевречиња, идеални се за појадок и може да ги земете со вас и јадете каде што ќе посакате. За денес ви подготвив превкусна комбинација на овие ѓевреци, а тоа е со песто сос и со мини капрезе салата. Верувајте, многу вкусна комбинација! Ѓевреците може и да ги купите доколку се направени од исклучиво интегрално брашно, но може и да ги направите според моите инструкции. На здравје!

Состојки

0/14 Состојки
Прилагоди број на порции
    Песто сос
  • Капрезе
  • Ѓевреци

Инструкции

0/11 Инструкции
    За ѓевреците
  • Во сад измешајте ги сувите состојки (брашното и солта).
  • Квасецот убаво измешајте го во млаката вода и веднаш додадете го на сувите состојки.
  • Замесете го тестото. Во зависност од брашното, можеби ќе треба да додадете вода или уште малку брашно. Треба да добиете средно меко брашно, како за леб.
  • Ставете во тенџере 1 литар вода и 2 лажици мед и оставете да се загрева.
  • Додека да почне водата да врие, без претходно киснење, оформете ги ѓевречињата. Во вода што врие ставете ги ѓевречињата да се варат околу 3-4 минути.
  • Извадете ги од водата и ставете ги на сува крпа да одморат околу минута-две, но не подолго. Ако ги оставите премногу долго, сусамот и овесот во кои ќе ги валате, нема доволно да се налепат.
  • Сварените ѓевреци валајте ги во сусам и овес, па наредете ги во тава на хратија за печење.
  • Печете на 200°Ц на средина на рерната, околу 40 минути, односно додека не станат крцкави. Внимавајте да не ги препечете, затоа што тестото од интегрално брашно нема иста структура додека е многу топло и кога ќе се подизлади.
  • За песто сосот
  • Сомелете ги индиските ореви. Додадете ги свежите листови босилек, пармезанот и 1 лажица маслиново масло и изблендирајте за да добиете хомогена смеса. Додадете уште една лажица масло, па пак изблендирајте пак. Додадете ја и третата лажица масло, пак изблендирајте и со тоа вашиот песто сос е готов.
  • Последна подготовка
  • Секој ѓеврек пресечете го на половина и премачкајте ги двете половини со песто сос.
  • Врз сосот наредете парчиња домати и парчиња моцарела, па завршете со уште малку песто сос за декорација.