Здрав и крцкав пилешки нагетс

Количина 4 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 15 мин. Готвење: 30 мин. Вкупно време 45 мин.

Овие здрави и крцкави нагетси од пилешко месо се прекриени со крцкав корнфлекс наместо брашно/лебни трошки и наместо да се пржат, тие се печат. Всушност, воопшто не користам масло! Потребни ви се само неколку состојки за да ги направите совршени, заедно со 3 здрави сосови (за кои исто така го споделувам рецептот со вас), па сега можете да ја направите овој превкусен ручек за вас и вашето семејство! А може да послужат и како закуска со некој добар филм. На здравје!

Состојки

0/15 Состојки
Прилагоди број на порции
  • Црвен сос
  • Бел сос
  • Сос од мед и сенф

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Пилешкото исецкајте го на крупни коцки и ставете го во чинија. Посипете го со наведените зачини, измешајте го и оставете го да отстои 5 минути.
  • На голем плех ставете хартија за печење и врз неа редете ги парчињата месо претходно извалани во млеко, па во кршен корнфлекс (јас половина од количината на потребен корнфлекс ја процесирам ситно во блендер, а другата половина ја процесирам исто во блендер, но со едно кратко пулсирање, колку да се раскрши. Потоа ги мешам заедно во иста чинија).
  • Печете 30 минути на 200 степени. Превртете ги нагетсите барем еднаш во текот на печењето.
  • Сосовите се прават преку мешање на наведените состојки за секој сос.
  • Послужете ги нагетсите како ручек или како закуска со добар филм.