Здраво Далгона кафе

Количина 1 Порција Комплексност:Лесна Подготовка: 5 мин. Готвење: 10 мин. Вкупно време 15 мин.

Кафето Далгона е актуелен хит на интернет. Изгледа многу кремасто и вкусно, иако е прилично едноставно за правење и го прават луѓе од целиот свет. Тоа е всушност пијалок којшто се прави со соединување на еднакви пропорции на кафе, шеќер и врела вода во вид на пена, а потоа пената се додава во ладно или топло млеко. Добив многу барања од вас за да направам здраво кафе Далгона, па еве ве послушав! На здравје!

Состојки

0/6 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/4 Инструкции
  • Ставете ги кафето, кафеавиот шеќер и жешката вода во сад за матење и матете со миксер додека не добиете цврста пена.
  • Во чаша ставете млеко (јас користам оризово млеко во прав, го растворам во ладна вода и го соединувам во блендер за да добијам хомогена течност без грутки и преубаво млеко) и ставете ги коцките мраз во млекото.
  • Со лажица ставајте од пената во кафето, и тоа полека, со цел за да не се соединат слоевите од млеко и кафе.
  • Растопете малку путер од кикирики во микробранова печка и истурете го врз пената. Дополнителната декорација ја оставам на вашата имагинација. На здравје!