Здраво Далгона кафе

Кафето Далгона е актуелен хит на интернет. Изгледа многу кремасто и вкусно, иако е прилично едноставно за правење и го прават луѓе од целиот свет. Тоа е всушност пијалок којшто се прави со соединување на еднакви пропорции на кафе, шеќер и врела вода во вид на пена, а потоа пената се додава во ладно или топло млеко. Добив многу барања од вас за да направам здраво кафе Далгона, па еве ве послушав! На здравје!
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 15 мин.
Состојки
  • 1 tbsp инстант кафе или Нескафе
  • 1 tsp кафеав шеќер (може и 2 во зависнот од вашите преференции)
  • 2 tbsp врела вода
  • 1/2 шолја растително млеко (јас користам оризово)
  • 4 коцки мраз
  • 1 tbsp путер од кикирики
Инструкции
  1. Ставете ги кафето, кафеавиот шеќер и жешката вода во сад за матење и матете со миксер додека не добиете цврста пена.
  2. Во чаша ставете млеко (јас користам оризово млеко во прав, го растворам во ладна вода и го соединувам во блендер за да добијам хомогена течност без грутки и преубаво млеко) и ставете ги коцките мраз во млекото.
  3. Со лажица ставајте од пената во кафето, и тоа полека, со цел за да не се соединат слоевите од млеко и кафе.
  4. Растопете малку путер од кикирики во микробранова печка и истурете го врз пената. Дополнителната декорација ја оставам на вашата имагинација. На здравје!