Здрави киноа ќофтиња

Количина 4 Порции Комплексност:Средна Подготовка: 20 мин. Готвење: 30 мин. Вкупно време 50 мин.

За разлика од пченицата или оризот, киноата е чист протеин. Ги содржи сите осум основни аминокиселини. Таа има признание од страна на Обединетите нации како суперхрана за нејзините здравствени придобивки. Киноата е полна со диетални влакна, фосфор, магнезиум и железо. Исто така, не содржи глутен и многу лесно се вари. Фактите сугерираат дека е близу до совршена состојка, а вам ви достапна во најблискиот маркет. Пробајте ги овие ќофтиња што ги подготвив за мене и за вас. Ремек-дела со совршено мека внатрешност и крцкава надворешност.

Состојки

0/11 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Ставете ја киноата во тава за готвење или тенџере. Додадете вода, 1/2 лажичка сол и варете на висока температура додека водата не зоврие. Додека готвите повремено мешајте со дрвена лажица. Намалете ја температурата, покријте ја тавата со капак и гответе уште 15 минути додека водата од тавата целосно не испари. Тргнете ја тавата од оган и оставете ја на страна, да отстои покриена уште 5 минути. После тоа, префрлете ја сварената киноа во голема чинија.
  • Ситно исецкајте ги кромидот и лукот, а тиквичките и морковите изрендајте ги. Свежиот магдонос исто така исецкајте го на ситни парчиња. Загрејте го маслиновото масло во тава, додадете го зеленчукот и динстајте 7 минути на средна температура.
  • Подготвениот зеленчук преместете го во чинијата со киноа, додадете 3 јајца, 1/2 лажиче сол, црн пипер и сецкан магдонос. Мешајте ги состојките со лажица сè додека убаво не се соединат. После тоа со рацете формирајте ќофтиња и изберете една од следните две опции за понатамошно готвење.
  • Опција 1: Ако одлучите да пржете, ставете маслиново масло во голема тава. Пржете ги парчињата 3-4 минути од секоја страна сè додека не добиете златно-кафеава боја, а потоа пренесете ги на чинија претходно покриена со хартиja. Опцијата за пржење е помалку здрава од опцијата за печење, но одзема многу помалку време. Извадете ги ќофтињата од тавата за печење со шпатула.
  • Опција 2: Ако одлучите да ги печете, ставете ги ќофтињата на садот за печење, претходно обложен со хартија за печење. Печете 10 минути во рерна, на температура од 180 степени, После тоа, извадете ја тавата од рерната, покријте ги сите парчиња со матено јајце, па печете уште 20 минути на 200 степени. Ова е поздравата варијанта за којашто се одлучив јас. Извадете ги ќофтињата од тавата за печење со шпатула.