Категорија: Вечера, Пица и тестенини, Ручек
Cuisine: Италијанска
Количина
1 Порција
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
20 мин.
Вкупно време
30 мин.
Ви ја претставувам мојата пица, чијшто рецепт покрај на мојот блог можете да го најдете и во најновиот број на магазинот ,,Убавина и Здравје”. Направена е со тесто од овесни снегулки која не само што не предизвикува грижа на совест, туку е и препорачана за исхрана поради хранливите состојки кои ги содржи. А згора на тоа може да ја направи секој од вас за само 30 минути и е вкусна исто како стандардната пица. Овесот е зрно на здравјето и во себе содржи протеини, витамини, јагленхидрати, минерали, а истовремено се бори и против лошиот холестерол. Запознајте се со вашата нова и вкусна мотивација за здрав живот!
Состојки
Прилагоди број на порции
-
Base
- Topping
Инструкции
- Овесните снегулки ставете ги во блендер и пулсирајте додека не добиете овесно брашно. Додадете ги белките, прашокот за пециво и солта. Пулсирајте додека сите состојки не се соединат.
- Истурете ја смесата во тава која е претходно обложена со хартија за печење. Со помош на лажица оформете кружна форма на пица тесто.
- Печете 10-12 минути во загреана рерна на 200 степени.
- Извадете го запеченото тесто, премачкајте го со песто сос и наредете го со парчиња моцарела, шери домати, маслинки и сушен босилек. Вратете ја пицата повторно во рерна во времетраење од 8 минути додека моцарелата убаво не се истопи и доматите не се засушат.
- Извадете ја пицата, посипете ја со листови босилек и уживајте во секое парче здравје.