Здрава пица со брашно од овесни снегулки 🇮🇹

Ви ја претставувам мојата пица, чијшто рецепт покрај на мојот блог можете да го најдете и во најновиот број на магазинот ,,Убавина и Здравје". Направена е со тесто од овесни снегулки која не само што не предизвикува грижа на совест, туку е и препорачана за исхрана поради хранливите состојки кои ги содржи. А згора на тоа може да ја направи секој од вас за само 30 минути и е вкусна исто како стандардната пица. Овесот е зрно на здравјето и во себе содржи протеини, витамини, јагленхидрати, минерали, а истовремено се бори и против лошиот холестерол. Запознајте се со вашата нова и вкусна мотивација за здрав живот!
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 20 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
    Base
  • 1 шолја овесни снегулки
  • 3 белки од јајца
  • 1/4 шолја растително млеко (може и обично, но препорачувам растително)
  • 1/4 tsp прашок за пециво
  • 1/4 tsp сол
  • Topping
  • 3 tbsp песто сос
  • 6-7 шери домати
  • 1 калап моцарела со просечна големина
  • 10-12 несолени маслинки
  • 1 tsp сушен босилек
  • 10-15 листови свеж босилек
Инструкции
  1. Овесните снегулки ставете ги во блендер и пулсирајте додека не добиете овесно брашно. Додадете ги белките, прашокот за пециво и солта. Пулсирајте додека сите состојки не се соединат.
  2. Истурете ја смесата во тава која е претходно обложена со хартија за печење. Со помош на лажица оформете кружна форма на пица тесто.
  3. Печете 10-12 минути во загреана рерна на 200 степени.
  4. Извадете го запеченото тесто, премачкајте го со песто сос и наредете го со парчиња моцарела, шери домати, маслинки и сушен босилек. Вратете ја пицата повторно во рерна во времетраење од 8 минути додека моцарелата убаво не се истопи и доматите не се засушат.
  5. Извадете ја пицата, посипете ја со листови босилек и уживајте во секое парче здравје.