Категорија: Вечера, Главни јадења, Појадок, Ручек
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 15 мин.
Готвење:
25 мин.
Вкупно време
40 мин.
Денес ви претставувам еден брз и вкусен оброк, кој може да се користи во било кој ден од денот (појадок, ручек или вечера). Нутритивно богат, а воедно екстра лесен за варење и што е најважно: ултра вкусен. Пробајте ја уште денес оваа касерола, верувајте ќе се изненадите од одличниот вкус.
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Исплакнете ја киноата под ладна вода, Исплакнетата киноа ставете ја во средно тенџере, додадете вода, 1/2 лажичка сол и гответе додека водата не зоврие. Намалете ја температурата, покријте го тенџерето со капак и оставете да се готви околу 15 минути. На крај, оставете го тенџерето со киноата да отстои на страна, покриено, околу 5 минути.
- Во меѓувреме, пропржете го кромидот во маслиново масло додека не стане проѕирен.
- Загрејте ја рерната на 180C.
- Во сад, измешајте ги заедно: туната, варената киноа, сецканиот и пропржен кромид, хоплата за готвење, зеленчук и зачините. Можете да додадете и малку брокула ако сакате.
- Префрлете ја цела смеса во средна тава за печење. Посипете со рендана моцарела и печете 25 минути, сè додека не добиете златна боја на касеролата.