Француска кујна: Poulet à la Moutarde (Пилешко во сенф) ??

Количина 4 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 30 мин. Вкупно време 40 мин.

Ви претставувам нов вид на пилешко месо кое се топи во уста и мора да го пробате. Poulet à la Moutarde е рустикален француски оброк којшто се приготвува за кратко време и верувајте дека претставува големо гурманско задоволство за секој љубител на сенф. Пробајте го што поскоро!

Состојки

0/9 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Пилешкото исецкајте го на коцки и ставете му сол и црн бибер.
  • Кромидот исецкајте го и пропржете го во тава додека не стане стаклест. Потоа додадете го и месото во тавата и пржете околу 10 минути. Додадете 90мл од виното и динстајте додека не испари речиси целосно (со тоа месото ќе стане меко и сочно).
  • Додадете го остатокот од виното (10мл), сенфот, хоплата, мајчината душица и промешајте убаво.
  • Додадете го пармезанот и гответе уште 6-7 минути на слаб оган.
  • Послужете со ориз, компири или тестенини.