Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Леб и пецива, Појадок, Разно, Ужина
Cuisine: Руска
Количина
10 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
30 мин.
Вкупно време
40 мин.
Руските палачинки со сирење наречени syrniki станаа мојот најнов омилен појадок, ужина, па дури и десерт. Заљубена сум во нив уште од првиот пат штом ги направив. И тоа ги прилагодив за да добијам здрава варијанта, и пак имаат совршен вкус! Малку крцкаво однадвор и малку кремасто одвнатре. Мх! Ете идеја што да направите утре за појадок на вашите сакани! Уживајте и праќајте слики!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Земете сад и во него ставете ги урдата или сирењето, солта (ако користите солено сирење, не ставајте сол), црниот бибер, брашното, јајцата и млекото. Измешајте убаво и со тоа имате смеса за солени палачинки.
- Загрејте тава за пржење со маслиново мало и со црпалка истурете смеса во тавчето која ќе биде доволна за една средна палачинка. Со обична лажица соберете од течноста доколку растекува на страна и соберете ја накај палачинката. Штом се запече од едната страна, превртете ја со шпатула и печете и од другата страна. Просечно се пржи 2-3 минути од страна. Повторувајте ја постапката додека не ја потрошите целата смеса.
- Штом се готови сите палачинки, декорирајте и послужете. Јас декорирав со кисела павлака, млад кромид и доматче. Мх! Убавини!