Категорија: Вечера, Главни јадења, Морска храна, Појадок, Разно, Ручек
Cuisine: Руска
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 20 мин.
Готвење:
15 мин.
Вкупно време
35 мин.
Руската салата Мимоза за прв пат се појавила во Советскиот Сојуз во раните 1970-ти, а нејзиното име се должи на нежното пролетно цвеќе мимоза. Тоа е поврзано со фактот дека и двете се подеднакво пријатни за окото, односно доминираат со убава светло жолта боја. Денес, практично сите ресторани во Русија гордо ја служат оваа салата, а малкумина можат да и’ одолеат. Обично, оваа салата содржи слоеви од зеленчук, но содржи и мајонез како и многу други руски јадења, но во оваа здрава верзија на салатата Мимоза нема мајонез, а е исто толку вкусна и сочна како оригиналната. Погледнете зошто е тоа така 🙂
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Варете ги компирите и морковите 20 минути, а јајцата 15 минути. па оставете ги да се оладат и оставете ги во фрижидер половина час. На овој начин, процесот на рендање подоцна ќе биде лесен.
- Исцедете ја течноста од туната, па ставете ја во сад. Додадете 1/2 од хоплата за готвење во садот со туна (хоплата претходно треба да ја зачинете со лук во прав, 1/2 лажица црн пипер, и малку сушен магдонос/мајчина душица).
- Ставете ја кремастата туна во голема стаклена чинија, како прв слој на слатата. (Оваа крем-туна комбинација е исклучително вкусна, дури и така да се јаде, без ништо друго! Пробајте ја.)
- Додадете рендани моркови над слојот од туна, тие ќе послужат како втор слој на салатата. Истурете малку од припремената хопла и врз морковите.
- Зовријте малку вода во друг сад и додадете го излупениот кромид во неа (исечен на 4 дела). Оставете го во зовриената вода околу 5 минути, а потоа исецкајте го грубо и ставете го врз ренданите моркови. Додадете малку сушен магдонос/мајчина душица и и тука ставете малку од припремената хопла..
- Издвоете ги жолчките од белките на јајцата, изрендајте ги белките и поставете ги како трет слој на салатата.
- Излупете ги компирите, изрендајте ги, измешајте ги со остатокот од хоплата за готвење и ставете ги во стаклениот сад како четврт слој на салатата.
- Изрендајте ги жолчките и ставете ги како последен, петти слој на салатата Мимоза. Посипете малку сушена мајчина душица/магдонос и 1/2 лажиче црн пипер над нив, па може да послужите. Чувајте ја салатата во фрижидер и служете ја ладна. Уживајте!
Such as for instance a soldier going-out for the battle field, you have to be entirely targeted
at fully enjoy and attain total pleasure in what you’re doing.