Руска кујна: Здрава Мимоза салата ??

Руската салата Мимоза за прв пат се појавила во Советскиот Сојуз во раните 1970-ти, а нејзиното име се должи на нежното пролетно цвеќе мимоза. Тоа е поврзано со фактот дека и двете се подеднакво пријатни за окото, односно доминираат со убава светло жолта боја. Денес, практично сите ресторани во Русија гордо ја служат оваа салата, а малкумина можат да и' одолеат. Обично, оваа салата содржи слоеви од зеленчук, но содржи и мајонез како и многу други руски јадења, но во оваа здрава верзија на салатата Мимоза нема мајонез, а е исто толку вкусна и сочна како оригиналната. Погледнете зошто е тоа така :)
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 20 мин.
Готвење: 15 мин.
Вкупно време 35 мин.
Состојки
  • 5 јајца
  • 3 компири
  • 2 конзерви туна
  • 400 g хопла за готвење
  • 1 tsp лук во прав
  • 1 кромид
  • 5 моркови
  • 2 tbsp сушен магдонос/мајчина душица
  • 1 tsp црн бибер
  • 1 tsp сол
Инструкции
  1. Варете ги компирите и морковите 20 минути, а јајцата 15 минути. па оставете ги да се оладат и оставете ги во фрижидер половина час. На овој начин, процесот на рендање подоцна ќе биде лесен.
  2. Исцедете ја течноста од туната, па ставете ја во сад. Додадете 1/2 од хоплата за готвење во садот со туна (хоплата претходно треба да ја зачинете со лук во прав, 1/2 лажица црн пипер, и малку сушен магдонос/мајчина душица).
  3. Ставете ја кремастата туна во голема стаклена чинија, како прв слој на слатата. (Оваа крем-туна комбинација е исклучително вкусна, дури и така да се јаде, без ништо друго! Пробајте ја.)
  4. Додадете рендани моркови над слојот од туна, тие ќе послужат како втор слој на салатата. Истурете малку од припремената хопла и врз морковите.
  5. Зовријте малку вода во друг сад и додадете го излупениот кромид во неа (исечен на 4 дела). Оставете го во зовриената вода околу 5 минути, а потоа исецкајте го грубо и ставете го врз ренданите моркови. Додадете малку сушен магдонос/мајчина душица и и тука ставете малку од припремената хопла..
  6. Издвоете ги жолчките од белките на јајцата, изрендајте ги белките и поставете ги како трет слој на салатата.
  7. Излупете ги компирите, изрендајте ги, измешајте ги со остатокот од хоплата за готвење и ставете ги во стаклениот сад како четврт слој на салатата.
  8. Изрендајте ги жолчките и ставете ги како последен, петти слој на салатата Мимоза. Посипете малку сушена мајчина душица/магдонос и 1/2 лажиче црн пипер над нив, па може да послужите. Чувајте ја салатата во фрижидер и служете ја ладна. Уживајте!