Пита со спанаќ и пилешко

Количина 4 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 40 мин. Готвење: 15 мин. Вкупно време 55 мин.

Оваа пита е мојот автентичен изум што започна како обид да направам нешто обично од состојките кои ги имав, но излезе како нешто коешто МОРА да го пробате! Оваа пита е многу дигестивно лесна, а лесна е и за правење. Згора на тоа има и фантастичен вкус ! Целата е кремаста и со вкус на сирење! Мх! Пробајте ја, па споделете со мене дали ви се допаѓа.

Состојки

0/9 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/6 Инструкции
  • Cварете те ги копаните во тенџере со сол. Штом се готови извадете им ја кожата, а белото месо убаво искинете го на парченца.
  • Пропржете го спанаќот во тава за пржење, на маслиново масло околу 10 минути. Додадете го пилешкото, 4 лажици од хоплата за готвење и раздробеното сирење (2/3 од сирењето). Мешајте додека сирењето не се растопи и соедини во хоплата. Со оваа смеса ќе ги полнете интегралните тортиљи.
  • Земајте тортиља по тортиља, сечете ја секоја надолжно на три парчиња. На секое парче во средината ставете му од смесата, па поклопете го со непремачканите страни. Може и прво да ставите смеса во средината на цела тортиља, да поклопите со премачканите страни, па да ја пресечите полната тортиља на три дела. Тоа останува на вас, видете како ви е попрактично.
  • Наредете ги свитканите парчиња тортиљи во тава со хартија за печење (јас не пазев на редослед).
  • Во друга тава на тивок оган загрејте го остатокот од хоплата, и штом се загрее ставете ја последната 1/3 од сирењето да се растопи и сушен магдонос.
  • Врз тавата со тортиљи истурете 2 матени јајца и врз нив истурете го сосот од сирење. Печете 15 минути на 190 степени.