Македонска мусака ??

Количина 4 Порции Комплексност:Средна Подготовка: 15 мин. Готвење: 1 ч. Вкупно време 1 ч. 15 мин.

Иако во грчките рецепти има најмногу варијации на мусака, а се тврди дека нејзиното потекло е од Турција, поточно од Отоманската империја, за мене постои само оваа македонска мусака. Лесна, кремаста и вкусна. Мојата мусака е поразлична од другите затоа што не ја готвам со млеко, туку со вода. Мора да го пробате овој оброк што досега е послужен речиси во секој македонски дом!

Состојки

0/10 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/6 Инструкции
  • Во поголема тава стоплете го маслото и додајте го ситно исецканиот кромид. Дистајте го додека не омекне, па додајте го месото и динстајте околу 10 минути. Пред крајот додете ја вегетата или солта (јас користам химелајска сол), биберот и пиперот . Продинстајте го месото додека не биде целосно приготвено и тргнете ја тавата од оган.
  • Компирите излупете ги и ставете ги да во тенџере да се подварат малку (околу 10-15 минути) па пресечете ги на кругови (треба да бидат околу 4мм дебелина). Земете еден огноотпорен сад - тава, попрскајте ја со малку маслиново масло и наредете го првиот ред компири, посипен со сушен магдонос и сол (вегета).
  • Ставете го месото врз првиот ред компири, па ставете го вториот ред компири и посипете го и него со магдонос и сол.
  • Полијте една и половина шолја вода во мусаката, покријте со фолија и ставете ја да се печи на 190 степени околку 30 минути.
  • Извадете ја фолијата, внимателно истурете ја водата (компирите сега се делумно сварени и меки), па посипете ја мусаката со мешавина од јајца, јогурт и сол. Потоа печете уште 30 минути на иста температура, без фолија. Со ова компирите убаво ќе се потпечат.
  • Послужуваме со топка кисела павлака за уште поубав вкус!