Македонска мусака ??

Иако во грчките рецепти има најмногу варијации на мусака, а се тврди дека нејзиното потекло е од Турција, поточно од Отоманската империја, за мене постои само оваа македонска мусака. Лесна, кремаста и вкусна. Мојата мусака е поразлична од другите затоа што не ја готвам со млеко, туку со вода. Мора да го пробате овој оброк што досега е послужен речиси во секој македонски дом!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 60 мин.
Вкупно време 75 мин.
Состојки
  • 1 kg компири
  • 500 g мелено јунешко месо
  • 1 кромид
  • 2 tbsp сушен зеленчук
  • 1 tbsp црвена пипер
  • 1 tsp црн бибер
  • 3 tsp вегета или сол
  • 2 tbsp маслиново масло
  • 2 јајца
  • 1/2 шолја јогурт
Инструкции
  1. Во поголема тава стоплете го маслото и додајте го ситно исецканиот кромид. Дистајте го додека не омекне, па додајте го месото и динстајте околу 10 минути. Пред крајот додете ја вегетата или солта (јас користам химелајска сол), биберот и пиперот . Продинстајте го месото додека не биде целосно приготвено и тргнете ја тавата од оган.
  2. Компирите излупете ги и ставете ги да во тенџере да се подварат малку (околу 10-15 минути) па пресечете ги на кругови (треба да бидат околу 4мм дебелина). Земете еден огноотпорен сад - тава, попрскајте ја со малку маслиново масло и наредете го првиот ред компири, посипен со сушен магдонос и сол (вегета).
  3. Ставете го месото врз првиот ред компири, па ставете го вториот ред компири и посипете го и него со магдонос и сол.
  4. Полијте една и половина шолја вода во мусаката, покријте со фолија и ставете ја да се печи на 190 степени околку 30 минути.
  5. Извадете ја фолијата, внимателно истурете ја водата (компирите сега се делумно сварени и меки), па посипете ја мусаката со мешавина од јајца, јогурт и сол. Потоа печете уште 30 минути на иста температура, без фолија. Со ова компирите убаво ќе се потпечат.
  6. Послужуваме со топка кисела павлака за уште поубав вкус!