Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Вечера, Мезе и грицки, Прилози, Ручек, Ужина
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
35 мин.
Вкупно време
45 мин.
Уживајте во овие крцкави слатки компири, печени во рерна, како закуска со омилениот здрав сос или како прилог на некое главно јадење. Имате деца кои не јадат зеленчук? Верувајте ми, тие толку многу ќе ги засакаат овие компирчиња, што нивната кожа ќе блеска од бета-каротен (голем извор на витамин А). Слатките компири исто така се извор на витамин Ц и Б6. Пробајте го овој здрав рецепт којшто целото семејство ќе го засака!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Убаво измијте ги компирите и без да ги лупите исецкајте ги на долги и тенки парчиња.
- Парчињата компири ставете ги во длабок сад и зачинете со сол, лук во прав, босилек/оригано, скроб (по желба) и црн бибер. Ставете 2 лажици маслиново масло и промешајте убаво со дрвена лажица за се залепат зачините на секој компир, од секоја страна.
- Истурете ги компирите врз тава за печење со претходно поставена хартија и печете 20 минути на 220 степени. Наместете ги парчињата компири убаво во тавата, да не се поставени едни врз други, за да може добро да се испечат. Превретете ги компирите од другата страна и печете уште 15 минути.
- Оставете ги компирите да изладат 5 минути и уживајте во крцкавиот слатко-зачинет вкус.