Крем салата со компири

Количина 2 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 20 мин. Готвење: 10 мин. Вкупно време 30 мин.

Кремаста, здрава, освежувачка и неверојатно вкусна салата. Од многуте начини на подготовка на компири, овој ми е еден од омилените. Прилог за било кое главно јадење или оброк – салата за ручек или вечера, ваш е изборот како ќе ја наменете.

Состојки

0/8 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Излупете ги компирите и ставете ги да се варат во тенџере.
  • Во меѓувреме исецкајте ги кромидот, краставицата и ротквиците на ситни парчиња.
  • Павлаката и сенфот измешајте ги во посебен сад за да добиете хомогена смеса.
  • Штом компирите се сварени, исецкајте ги на ситни парчиња во чинија, додадете сол, сецкан кромидот, краставица, ротквици и смесата од павлака и сенф.
  • Измешајте убаво и декорирајте со ситни парчиња млад кромид и ситно сецкана ротквица.