Котлети од лосос печени во фолија

Количина 4 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 5 мин. Готвење: 25 мин. Вкупно време 30 мин.

Екстра брз и екстра здрав ручек! Што подобро од лосос? Навистина, лососот не евтин да се купи свеж, но замрзнатите котлети од лосос даваат речиси ист ефект во однос на вкусот, а се далеку поевтини. Верувајте, секој залак вреди! А тоа дека ова превкусно јадење се подготвува за 30 минути е сосема друга категорија на задоволство. Кој нема пробано лосос – веднаш да проба!

Состојки

0/5 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Одмрзнете ги лососовите котлети, па ставете го секој од нив на парче алумниумска фолија. Зачинете ги од двете страни со сол (вегета) и бибер и додадете им по малку путер. Завиткајте ја убаво фолијата на секое парче лосос и наредете ги на плех за печење.
  • Зеленчукот (јас ставив печурки, карфиол, морков и брокула) исто ставете го во алуминиумска хартија, зачинете го со сол, ставете парче путер и убаво завиткан ставете го на истиот плех каде што се котлетите.
  • Печете 25 минути на 185 степени. Зеленчукот декорирајте го со балсамико дресинг.