Интегрални тестенини Пене Болоњезе ??

Количина 6 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 30 мин. Вкупно време 40 мин.

Болоњезе сосот, познат кај италијаните како ragù alla bolognese, (или едноставно ragù) е сос од месо, доматно пире и вино и е типичен за градот Болоња, Италија. Погледнете ја оваа 100% здрава варијанта на сосот, во комбинација со вкусни интегрални тестенини.

Состојки

0/11 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/6 Инструкции
  • Сварете ги тестенините и штом се готови, исцедете ја водата во којашто се вареа и додадете им половина лажица магдонос и половина лажица маслиново масло. Измешајте ги убаво.
  • Во меѓувреме, запржете го кромидот и ситно сецканиот (или рендан) морков на маслиново масло.
  • Штом кромидот стане проѕирен, додадете го месото и зачините. Пржете го додека не биде целосно потемнето и не започне да се дели.
  • Додадете го виното доколку се одлучите да ставите вино, во спротивно директно ставете го доматното пире и оставете да се крчка на среден оган околу 10 минути.
  • На крај додадете го млекото, малку магдонос и додадете го сосот во садот со тестенините.
  • Убаво измешајте и послужете со рендан пармезан и листови рукола.