Интегрални тестенини Пене Болоњезе ??

Болоњезе сосот, познат кај италијаните како ragù alla bolognese, (или едноставно ragù) е сос од месо, доматно пире и вино и е типичен за градот Болоња, Италија. Погледнете ја оваа 100% здрава варијанта на сосот, во комбинација со вкусни интегрални тестенини.

Порции: 6 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 40 мин.
Состојки
  • 300 g интегрални тестенини пене или макарони
  • 1 морков
  • 1 кромид
  • 400 g мелено јунешко месо
  • 1 шолја доматно пире
  • 1 tsp сол
  • 1 tsp црн бибер
  • 1/2 шолја црвено вино
  • 1/3 шолја млеко (растително по можност)
  • tbsp свежо сецкан магдонос
  • 2 tbsp маслиново масло
Инструкции
  1. Сварете ги тестенините и штом се готови, исцедете ја водата во којашто се вареа и додадете им половина лажица магдонос и половина лажица маслиново масло. Измешајте ги убаво.
  2. Во меѓувреме, запржете го кромидот и ситно сецканиот (или рендан) морков на маслиново масло.
  3. Штом кромидот стане проѕирен, додадете го месото и зачините. Пржете го додека не биде целосно потемнето и не започне да се дели.
  4. Додадете го виното доколку се одлучите да ставите вино, во спротивно директно ставете го доматното пире и оставете да се крчка на среден оган околу 10 минути.
  5. На крај додадете го млекото, малку магдонос и додадете го сосот во садот со тестенините.
  6. Убаво измешајте и послужете со рендан пармезан и листови рукола.