Индиска Кујна: Гарам Масала Кари со спанаќ и пилешко ??

Количина 4 Порции Комплексност:Тешка Подготовка: 20 мин. Готвење: 40 мин. Вкупно време 1 ч.

Индиската кујна е една од најразновидните кујни во светот. Индиски зачини може да набавите во било која продавница за зачини во европските градови, а може да нарачате и online.

Состојки

0/17 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/6 Инструкции
  • Пилешкото месо исечено на коцки го маринираме 24 часа во фрижидер со сок од лимон, јогурт, ѓумбир и намаз од лук.
  • Спанаќот го ставаме 2 минути во зовриена вода, па го блендираме заедно со млекото.
  • Во длабока тава загреваме маслиново масло и ги ставаме зачините ким, гарам масала, кардамон, црн бибер.
  • Штом кимот ја промени бојата, го додаваме сецканиот кромид и динстаме додека не се карамелизира.
  • Додаваме пасирани домати, готвиме 10 минути на слаб оган, па го додаваме месото и готвиме уште 15 минути на силен оган.
  • Ги додаваме зачините коријандер, куркума, чили и сол, мешаме со дрвена лажица и готвиме на слаб оган уште 5 минути. Ја додаваме смесата од спанаќ и млеко и готвиме уште 10 минути. Послужуваме со басмати ориз.