Индиска Кујна: Гарам Масала Кари со спанаќ и пилешко ??

Индиската кујна е една од најразновидните кујни во светот. Индиски зачини може да набавите во било која продавница за зачини во европските градови, а може да нарачате и online.
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 20 мин.
Готвење: 40 мин.
Вкупно време 60 мин.
Состојки
  • 500 g пилешко филе
  • 300 g спанаќ
  • 1 tsp гарам масала
  • 1 tsp зелен кардамон
  • 1 tsp коријандер
  • 1 tsp ким
  • 1 tsp куркума
  • 1 tsp црн бибер
  • 1 tsp ѓумбир
  • 1 tsp чили
  • 1 tsp сол
  • 2 tbsp намаз од лук или толчен лук
  • 2 кромид
  • 1/2 лимон ((лимонов сок))
  • 1/2 cup јогурт, неутрална павлака или бешамел сос
  • 2 tsp маслиново масло
  • 2 сецкани домати
Инструкции
  1. Пилешкото месо исечено на коцки го маринираме 24 часа во фрижидер со сок од лимон, јогурт, ѓумбир и намаз од лук.
  2. Спанаќот го ставаме 2 минути во зовриена вода, па го блендираме заедно со млекото.
  3. Во длабока тава загреваме маслиново масло и ги ставаме зачините ким, гарам масала, кардамон, црн бибер.
  4. Штом кимот ја промени бојата, го додаваме сецканиот кромид и динстаме додека не се карамелизира.
  5. Додаваме пасирани домати, готвиме 10 минути на слаб оган, па го додаваме месото и готвиме уште 15 минути на силен оган.
  6. Ги додаваме зачините коријандер, куркума, чили и сол, мешаме со дрвена лажица и готвиме на слаб оган уште 5 минути. Ја додаваме смесата од спанаќ и млеко и готвиме уште 10 минути. Послужуваме со басмати ориз.