Категорија: Вечера, Главни јадења, Леб и пецива, Ручек
Количина
4 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 30 мин.
Готвење:
1 ч.
Вкупно време
1 ч. 30 мин.
Направете си сами дома превкусен донер кебаб, без ни малку грижа на совест. Ви нудам комплетна верзија на здрав донер, оригинален вкус и изглед – со интегрално пита лепче и домашни сосеви. Здравата исхрана никогаш не била повкусна, нели?
Состојки
Прилагоди број на порции
-
За подготовка на пита-лебот
- За белиот сос
- За црвениот сос
- Месо
Инструкции
- Измешајте ја водата, сувиот квасец и медот и оставете да отстојат 5 минути во сад.
- Додадете го брашното, маслото и солта и мешајте ја смесата со дрвена лажица. Оставете да отстои уште 5 минути, па замесете една топка од тесто. Додадете уште малку брашно ако има потреба.
- Ставете ја топката тесто во намрсена чинија и оставете да отстои 1 час (треба да се зголеми дупло).
- Откако ќе помине 1 час, од топката тесто направете 4 помали топки. Секоја топка расукајте ја со раце или сукало во пита со околу 1 цм.
- Земете голем плех (само малку намрсен), загрејте ја рерната на 230 степени заедно со плехот внатре, па ставете две пити да се печат на жешкиот плех. Рерната никако не ја отварајте 4 минути, а веќе после 7 минути може да ги извадите. На овој начин тестото се претвора во лепиња кое внатре добива вдлабнатина како џеб кој може да се расекува за полнење. Оставете ги да се исладат, а постапката направете ја иста и со останатите две пити.
- Сосовите направете ги само со спојување на наведените состојки во блендер.
- Месото јас го купувам готово - месо за донер (го има во некои маркети), а може да го направите и сами преку печење на големо парче месо на висока температура, а потоа сецкање на танки парчиња од истото. Наместо месо, можете да ставите печурки на грил тава за веге опција.
- Лепчето засечете го на средина и ставете бел сос, па парче марула. Врз марулата повторно попрскајте со бел сос, наредете парчиња домати, месо (печурки), па ставете црвен сос. Ставете и кругови свеж кромид по желба. На здравје!