Категорија: Главни јадења, Леб и пецива, Појадок
Количина
16 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 20 мин.
Готвење:
40 мин.
Вкупно време
1 ч.
Бурек или Börek е традиционална турска пита со кори (печена), обично полна со месо или сирење. Јас лично многу сакам бурек со месо и едноставно МОРАВ да пронајдам начин да го направам помалку мрсен и калоричен, а да го задржам истиот вкус! Ја открив тајната и сега ви ја откривам и вам! Бурек кој воопшто не е масен, целосно е здрав и има идентичен вкус како бурек купен од пекара. Сега можете да си дозволите бурек со јогурт многу почесто отколку што сте сонувале дека ќе можете да го правите тоа!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Исецкајте го кромидот и пржете го во маслиново масло додека не се омекне. Додадете го месото заедно со солта (доколку сакате додадете доолнително и црн пипер и сушен магдонос), па пригответе го добро со пржење. Со тоа филот е подготвен. Една од тајните за постигнување на истиот вкус како кај обичниот бурек е тука и тоа е фактот што во подготовката на самото полнење користиме многу кромид.
- Корите се припремаат по 3 кори за еден сплоснат ролат, со тоа што на крај треба да добиете 4 сплоснати ролати поставени на четириаголен плех/тава претходно обложен со хартија за печење.
- Припремата на еден сплоснат ролат се прави на следниов начин: земате една кора, ја посипувате со мешавина на газирана вода, прашок за пециво и маслиново масло, па над неа ставате уште една кора и неа ја посипувате со истата мешавина, но во помала количина. Над втората кора премачкувате со кисело млеко (премачкувате врз цела кора, ова е всушност втората тајна за одличниот вкус!). Потоа врз истата кора го ставате филот, но премачкувате само на половина од кората, односно од средината до едниот крај на кората - крајот од којшто ќе започнете да го замотувате ролатот (исто како кога премачкуваме палачинки со фил, ако ставиме фил на цела палачинка и замотаме - тогаш може да биде премногу блага, а ако премачкаме само од половина па до едниот крај, палачинката ќе биде доволно блага). Ја ставате и третата кора, исто посипувате со мешавината од масло, прашок за пециво и кисела вода, па замотувате во ролат и редите во плехот за печење (постапката ја има на сликите).
- Откако ќе направите 4 сплоснати ролати (секоја изработен од 3 кори), исечете ја секоја на 4 дела, па попрскајте со остатокот од смесата масло, прашок за пециво и вода.
- Печете 10 минути на 190 степени, потоа извадете го бурекот, па премачкајте го со смеса од 2 матени јајца и кисело млеко. Вратете го бурекот во рерна уште 20 минути да се допече, извадете го и послужете дури е жежок, со чаша јогурт.