Здрав бурек со месо
Бурек или Börek е традиционална турска пита со кори (печена), обично полна со месо или сирење. Јас лично многу сакам бурек со месо и едноставно МОРАВ да пронајдам начин да го направам помалку мрсен и калоричен, а да го задржам истиот вкус! Ја открив тајната и сега ви ја откривам и вам! Бурек кој воопшто не е масен, целосно е здрав и има идентичен вкус како бурек купен од пекара. Сега можете да си дозволите бурек со јогурт многу почесто отколку што сте сонувале дека ќе можете да го правите тоа!
Порции:
16
yield(s)
Подготовка:
20
мин.
Готвење:
40
мин.
Вкупно време
60
мин.
Состојки
-
600
g
мелено јунешко месо
-
2
големи главици кромид
(сецкани)
-
12
хељдини кори
-
200
g
кисело млеко
-
1
прашок за пециво
(10g)
-
1/3
шолја газирана вода
-
2
tbsp
маслиново масло
-
1
tsp
сол
-
2
јајца
Инструкции
-
Исецкајте го кромидот и пржете го во маслиново масло додека не се омекне. Додадете го месото заедно со солта (доколку сакате додадете доолнително и црн пипер и сушен магдонос), па пригответе го добро со пржење. Со тоа филот е подготвен. Една од тајните за постигнување на истиот вкус како кај обичниот бурек е тука и тоа е фактот што во подготовката на самото полнење користиме многу кромид.
-
Корите се припремаат по 3 кори за еден сплоснат ролат, со тоа што на крај треба да добиете 4 сплоснати ролати поставени на четириаголен плех/тава претходно обложен со хартија за печење.
-
Припремата на еден сплоснат ролат се прави на следниов начин: земате една кора, ја посипувате со мешавина на газирана вода, прашок за пециво и маслиново масло, па над неа ставате уште една кора и неа ја посипувате со истата мешавина, но во помала количина. Над втората кора премачкувате со кисело млеко (премачкувате врз цела кора, ова е всушност втората тајна за одличниот вкус!). Потоа врз истата кора го ставате филот, но премачкувате само на половина од кората, односно од средината до едниот крај на кората - крајот од којшто ќе започнете да го замотувате ролатот (исто како кога премачкуваме палачинки со фил, ако ставиме фил на цела палачинка и замотаме - тогаш може да биде премногу блага, а ако премачкаме само од половина па до едниот крај, палачинката ќе биде доволно блага). Ја ставате и третата кора, исто посипувате со мешавината од масло, прашок за пециво и кисела вода, па замотувате во ролат и редите во плехот за печење (постапката ја има на сликите).
-
Откако ќе направите 4 сплоснати ролати (секоја изработен од 3 кори), исечете ја секоја на 4 дела, па попрскајте со остатокот од смесата масло, прашок за пециво и вода.
-
Печете 10 минути на 190 степени, потоа извадете го бурекот, па премачкајте го со смеса од 2 матени јајца и кисело млеко. Вратете го бурекот во рерна уште 20 минути да се допече, извадете го и послужете дури е жежок, со чаша јогурт.