Категорија: Вегетаријанска храна, Вечера, Главни јадења, Пица и тестенини, Ручек
Cuisine: Италијанска
Количина
2 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
20 мин.
Вкупно време
30 мин.
Можеби веќе имате чуено за познатиот италијански сос за тестенини – Cacio е Pepе. Ако не сте чуле, во буквален превод на италијански јазик, cacio e pepe значи „сирење и бибер“. И со тоа сте доста блиску до состојките на овој сос. Обично се прави со многу пармезан и црн пипер, но јас ви ја носам поздравата верзија на ова превкусно јадење! Сум го пробала оригиналот, верувајте вкусот е ист! Сега можете да подготвите италијанска лесна и вкусна вечера за вашите пријатели или семејство.
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Сварете ги интегралните шпагети според инструкциите на пакувањето, но на крај не ги цедете, туку со штипалка префрлете ги во друг сад (целта е да не бидат суви, водата во којашто се вареа е многу битна за овој рецепт).
- Штом шпагетите се убаво сварени, наполнете една шолја со водата во којашто се вареа, а остатокот може да го истурите.
- Во тавче запржете го лукчето, па посолете ги и запржете ги печурките на малку путер (една лажица), па штом се готови, тргнете го тавчето на страна и додадете уште едната лажица путер која ќе се растопи од самата топлина на тавчето.
- Врз сварените шпагети додадете црн бибер, печурките во путер и ренданата моцарела, па веднаш почнете да мешате со лажица со цел моцарелата да се растопи од топлината на шпагетите.
- Врз шпагетите додадете малку од водата којашто ја тргнавте на страна, добро промешајте, а потоа повторно додадете вода и повторете ја постапката се додека целосно не ја искористите одвоената вода.
- Послужете во чинија, посипете со ситно рендан пармезан и декорирајте со сецкан магдонос.