Здрави шпагети Cacio e Pepe ??

Можеби веќе имате чуено за познатиот италијански сос за тестенини - Cacio е Pepе. Ако не сте чуле, во буквален превод на италијански јазик, cacio e pepe значи „сирење и бибер“. И со тоа сте доста блиску до состојките на овој сос. Обично се прави со многу пармезан и црн пипер, но јас ви ја носам поздравата верзија на ова превкусно јадење! Сум го пробала оригиналот, верувајте вкусот е ист! Сега можете да подготвите италијанска лесна и вкусна вечера за вашите пријатели или семејство.
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 20 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
  • 200 g интегрални шпагети
  • 2 tbsp путер
  • 200 g рендана моцарела
  • 2 tbsp црн бибер
  • 150 g печурки (сецкани)
  • 1 чешне лук (сецкано)
  • 1 tsp сол
Инструкции
  1. Сварете ги интегралните шпагети според инструкциите на пакувањето, но на крај не ги цедете, туку со штипалка префрлете ги во друг сад (целта е да не бидат суви, водата во којашто се вареа е многу битна за овој рецепт).
  2. Штом шпагетите се убаво сварени, наполнете една шолја со водата во којашто се вареа, а остатокот може да го истурите.
  3. Во тавче запржете го лукчето, па посолете ги и запржете ги печурките на малку путер (една лажица), па штом се готови, тргнете го тавчето на страна и додадете уште едната лажица путер која ќе се растопи од самата топлина на тавчето.
  4. Врз сварените шпагети додадете црн бибер, печурките во путер и ренданата моцарела, па веднаш почнете да мешате со лажица со цел моцарелата да се растопи од топлината на шпагетите.
  5. Врз шпагетите додадете малку од водата којашто ја тргнавте на страна, добро промешајте, а потоа повторно додадете вода и повторете ја постапката се додека целосно не ја искористите одвоената вода.
  6. Послужете во чинија, посипете со ситно рендан пармезан и декорирајте со сецкан магдонос.