Категорија: Вечера, Главни јадења, Разно, Ручек
Cuisine: Мексиканска
Количина
8 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 20 мин.
Готвење:
20 мин.
Вкупно време
40 мин.
Касеролите се всушност најневеројатниот начин да се готви во големи количини и да го погодите сечиј вкус во само една тава. Од нив исто така ќе ви останат превкусни остатоци за следниот ден или два. Ќе основам официјален фан клуб на касероли, и онака членот број еден е веќе тука. 🙂 Да не сака уште некој друг да ми се придружи? Пробајте ја оваа хранлива и ултра вкусна мексиканска касерола. Никогаш нема да го заборавите нејзиниот вкус!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Во голем сад (тенџере) ставете ја киноата и 2 чаши вода и оставете ја да зоврие. Намалете ја температурата на готвење, покријте го садот со капак и оставете да се вари 15 минути. Тргенет го тенџерето од рингла и оставете го да отстои, покриено, околу 5 минути. Со тоа киноата е сварена и подготвена за употреба.
- Во тава за пржење, загрејте го маслиновото масло на средна температура. Додадете го кромидот и пржете го додека не омекне - околу 5 минути. Додадете го пилешкото и динстајте го на повисока температура околу 15 минути (самото месо ќе испушти малку течност во која ќе го динстате).
- Додадете чили, ким, сол и црн пипер. Продолжете да динстате додека пилешкото не биде целосно приготвено, околу 4 до 5 минути. Додадете го црвениот грав и доматното пире и динстајте уште 1 дополнителна минута. Додадете ја павлаката или хоплата за готвење, промешајте добро и тргнете ја тавата од оган.
- Во голема тава за печење ставете ја претходно приготвената киноа и распространете ја рамномерно по дното на тавата. Додадете ја смесата со пилешкото месо врз киноата. Промешајте добро со лажица додека смесата не се соедини целосно со киноата и на крај, израмнете убаво со лажица.
- Додадете ја ренданата моцарела врз касеролата и печете 15 минути на 190 степени, односно сè додека сирењето не се растопи и добие жолтеникава боја. Декорирајте со свеж магдонос и парчиња авокадо.