Македонска кујна: Охридски интегрални ѓевреци со јајца 🇲🇰

Количина 2 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 10 мин. Вкупно време 20 мин.

Дали некогаш сте пробале интегрални ѓевреци со јајца? Тоа е превкусен појадок кој може да го дегустирате во некој од рестораните во Охрид, додека уживате во глетка со поглед на езеро. Совршено одат со ајвар и традиционалното охридско макало од лук. Можете да користите полуготови интегрални ѓевреци (ги има во поголемите маркети) или да ги направите според мојот рецепт за интегрални Капрезе ѓевреци. Погледнете го рецептот!

Состојки

0/7 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Купете полуготови интегрални ѓевреци и печете ги 10 минути на 230 степени. Можете и да ги направите според мојот рецепт за интегрални Капрезе ѓевреци.
  • Загрејте масло во тава и ставете ги печените ѓевреци во тавата. Во средината на секој ѓеврек ставете по 1 јајце и сол по желба. Со лажица ставајте врело масло врз јајцата за да се приготват целосно. Штом се готови, врз нив ставете и листови рукола по желба.
  • Послужете со ајвар, макало од лук и парчиња сирење. Може да додадете и маслинки. На здравје!