Касерола со месо и зеленчукова база ??

Количина 4 Порции Комплексност:Средна Подготовка: 20 мин. Готвење: 50 мин. Вкупно време 1 ч. 10 мин.

Касеролата е во глобала, секое јадење во тава, подготвено со многубројни состојки. Се смета за француски оброк, но ќе видите многу рецепти за касерола кои ќе потекнуваат лично од мене. Храната во тавата најчесто се пече во рерна и може да се состои од протеини како говедско месо, пилешко месо или риба. За добивање на соодветна доза витамини се става најразличен зеленчук или било што друго на што може да помислите. Дозволете ми да ви ја претставам мојата касерола со месо и зеленчукова база. Совршен ручек за вас и вашето семејство, особено доколку сте љубители на вкусот на болоњезе сос.

Состојки

0/12 Состојки
Прилагоди број на порции
    Основа
  • Фил

Инструкции

0/6 Инструкции
    Основа
  • Компирите ги лупиме, ги рендаме и ги додаваме во длабока чинија. Брокулата ситно ја сецкаме и исто така ја додаваме во чинијата. Додаваме малсиново масло и сол, промешуваме убаво со дрвена лажица и добиваме смеса којашто ќе ја користиме за база на касеролата.
  • Смесата ја истураме во тава претходно обложена со хартија за печење (јас користев тркалезна тава). Смесата ја израмнуваме убаво со тоа што ги обложуваме и ѕидовите на тавата, односно ставаме од смесата и малку нагоре по ѕидовите за да добиеме поставеност на сад.
  • Тавата со смесата ја ставаме во рерна да се печи 30 минути, на температура од 200 степени. По вадењето, треба да добиете убава, соединета и крцкава подлога од зеленчук.
  • Фил
  • Во меѓувреме, во друга тава, го пропржуваме кромидот на среден оган. Потоа го додаваме меленото месо и готвиме на силен оган, заедно со солта и сушениот магдонос. Штом месото ја добие посакуваната боја, го додаваме доматното пире и хоплата за готвење (или домашно приготвениот бешамел сос наместо хопла). Динстаме уште кратко на тивок оган околу 5 минути, и со тоа филот за нашата касерола е готов.
  • Филот го истураме врз претходно испечената подлога од компири и брокула, и убаво измазнуваме за да добиеме изглед на пита. Тавата ја враќаме во рерна и печеме уште 15 минути на 180 степени.
  • Пред самиот крај, врз касеролата ставаме парчиња моцарела и сушен магдонос за да се растопат дури филот е жежок. Се сече на 4 или 8 парчиња (во зависност од големината на тавата) и послужуваме со прилог салата и кисело млеко или топка кисела павлака.