Интегрална пита со праз

Количина 8 Порции Комплексност:Средна Подготовка: 20 мин. Готвење: 30 мин. Вкупно време 50 мин.

За добро утро, замислете пита, штотуку извадена од рерна, крцкава, вкусна и со неодолив мирис! А притоа приготвена здраво, без бело брашно, сол и квасец. Уште да извадиме на маса јогурт и доматче, па денот може совршено да започне!

Состојки

0/9 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/4 Инструкции
  • Празот го сецкаме на ситни парчиња и го динстаме на маслиново масло додека не омекне. Го додаваме сирењето, додаваме малку црн бибер и киселото млеко. Ја соединуваме смесата и со тоа всушност го добиваме филот за нашата пита.
  • Корите ќе ги припремаме по 3 кори за еден ролат, со тоа што на крај треба да добиеме 4 ролати поставени на четириаголен плех/тава претходно обложен со хартија за печење.
  • Припремата на еден ролат се прави на следниов начин: земаме една кора, ја посипуваме со мешавина на газирана вода и маслиново масло, па над неа ставаме уште една кора и неа ја посипуваме со истата мешавина, но во помала количина. Над втората кора го ставаме филот, премачкуваме само на половина од кората, односно од средината до едниот крај на кората - крајот од којшто ќе започнеме да го замотуваме ролатот (исто како кога премачкуваме палачинки со фил, ако ставиме фил на цела палачинка и замотаме - тогаш може да биде премногу блага, а ако премачкаме само од половина па до едниот крај, палачинката ќе биде доволно блага). Ја ставаме и третата кора, исто посипуваме со мешавината од масло и кисела вода, па замотуваме во ролат и редиме во плехот за печење.
  • Печеме 10 минути на 200 степени, потоа ја вадиме питата, премачкуваме со смеса од 2 матени јајца и јогурт и посипуваме со семиња. Ја враќаме питата во рерна уште 20 минути да се допече, ја вадиме од рерна и послужуваме дури е жешка.