Мексиканска кујна: Енчилади со пилешко во мед и сенф 🇲🇽

Комплексност:Лесна Подготовка: 20 мин. Готвење: 30 мин. Вкупно време 50 мин.

Енчиладата е тортиља полна со фил, прелиена со сос и запечена. Енчиладите може да се полнат со разни состојки, вклучувајќи месо, сирење, грав, компир, зеленчук или најразлични комбинации. Сосовите може да варираат од лути како чили и салса, па се до поприлагодени сосови како овој. Јас го обожавам вкусот кој се добива со комбинација на мед и сенф, па затоа еве еден рецепт за сите останати обожаватели на таа комбинација 🙂 Верувајте ми, екстра лесната постапка за подготовка и кремаста текстура што се добива на крај ќе бидат причините поради кои ќе го приготвите ова популарно мексиканско јадење повеќе од еднаш!

Состојки

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Пилешките гради исецкајте ги на тенки и мали парчиња, додадете сол и црн пипер, а потоа пропржете ги во тава околу 20 минути на висока температура. Додадете половина од хоплата за готвење, 1.5 лажица мед, 1.5 лажица сенф, нане и промешајте уште неколку минути.
  • Ставете од оваа мешавина врз половина од секоја тортиља, па преклопете ја со другата половина и наредете ги сите во тава за печење.
  • Во тавата за пржење, додадете го остатокот од хоплата за готвење, 0.5 лажица мед, 0.5 лажица сенф и на средна температура мешајте додека не се соединат. Истурете ја смесата врз наредените тортиљи, а врз неа ставете и рендана моцарела. Печете 30 минути на температура од 180 степени.