Можеби помислувате на кинеската брза храна кога ќе го слушнете зборот „вок“ и не сте баш далеку од вистината. Разликата е во тоа што таа брза храна не е нездрава како многу други во светот. Напротив, таа содржи и протеини и витамини. Вок тавата е кујнската алатка со којашто ќе направите мешавина од куп прекрасни вкусови. Со неа се готви на висока температура за побрзо готвење. Таа е совршена за правење лесни верзии на традиционалната кинеска храна и ќе ви откријам многу рецепти коишто ќе може да ги приготвите со истата. Доколку во моментов немате вок тава (може да видите како изгледа во галеријата), може да готвите со обична тава за пржење. Но, задолжително да си набавите. Нејзините заоблени краеви придонесуваат за подобро и побрзо готвење а храната, а со тоа се зачувуваат вкусовите најдолго што може.
Состојки
Инструкции
- Месото исечете го на коцки и зачинете го со сол и црн бибер. Зеленчукот исецкајте го, а морковите исечете ги на ленти во должина со лупач за таа намена или ако немате, изрендајте ги.
- Во вок тавата (или обична ако немате вок), загрејте го маслиновото масло, па динстајте го месото 15 минути на умерено тивок оган.
- Додадете ги печурките, па пржете уште 5 минути. Додадете го останатиот зеленчук и сусамот, па пржете додека зеленчукот не омекне (10 минути).
- Додадете теријаки сос, динстајте уште 2 минути и послужете. Со ова јадење нема потреба од прилог иако кинезите го служат со ориз или нудли. Уживајте во прекрасниот оброк!