Фусили во домашен Песто сос ??

Количина 4 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 25 мин. Вкупно време 35 мин.

Песто сосот е лесен да се направи затоа што содржи само неколку состојки кои само треба да се спојат. Неговиот свеж вкус е совршено деликатесен, особено кога го комбинираме со свежо рендан пармезан и можеби некое бело вино. Ммм, совршено за ова лето. Песто сосот одговара со извртени тестенини, затоа пред подготовката на сосот, обезбедете си некои интегрални фусили за да може да ја добиете неговата најдобра варијанта. Уживајте!

Состојки

0/9 Состојки
Прилагоди број на порции
    За тестенините
  • За сосот

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Сварете ги фусилите во зовриена вода со малку сол и масло. Штом се сварени, исцедете ја водата и додадете им уште малку маслиново масло и сушен босилек, па убаво промешајте ги.
  • Во меѓувреме, сомелете ги индиските ореви. Додадете ги свежите листови босилек, пармезанот и 1 лажица маслиново масло и изблендирајте за да добиете хомогена смеса. Додадете уште една лажица масло, па пак изблендирајте пак. Додадете ја и третата лажица масло, пак изблендирајте и со тоа вашиот песто сос е готов.
  • Додадете го сосот во тестенините, убаво измешајте ги со лажица и послужете со рендан пармезан и бело вино.