Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Македонска
Количина
4 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 30 мин.
Готвење:
1 ч. 30 мин.
Вкупно време
2 ч.
Денес ви претставувам рецепт за јадење кое важи за едно од најомилените кај македонскиот народ. Полнетите пиперки се пред сè здрави, а исто така се лесни за вашиот дигестивен систем. Инструкциите за припрема на ова јадење се многу лесни за следење и верувајте дека доколку го подготвите ова јадење ќе бидете многу горди на себе што сте успеале со свои раце да го добиете традиционалниот вкус и мирис на полнети пиперки во вашата кујна!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Најпрво исецкајте го ситно кромидот во тавче со загреано масло и запржете го неколку минути. Додадете го месото и зачините, солта, црниот бибер и магдоносот и пржете десетина минути. Додадете го оризот и пржете уште неколку минути. Со тоа смесата за полнење на пиперките е готова.
- Засечете ги пиперките во горниот дел кај дршката, така што отстранетиот дел ќе ви послужи за поклопување на полнетите пиперки. Исчстете ги убаво, наполнете ги со смесата од месо, поклопете ги со делот од пиперката кој има дршка и затворете ги убаво со помош на една или две чечкалици за да не се изместат во текот на варењето.
- Наредете ги пиперките во длабоко тенџере, во вертикална положба. Додадете ја врелата вода и варете ги полнетите пиперки на тивок оган околу 1 час. Пред да ги тргнеме од ринглата направете смеса од доматно пире, црвен пипер и масло и полејте ги пиперките. Оставете ги да се варат уште десетина минути.