Пита од прокељ

Знам колку многу е здрав прокељот, па затоа решив да си купам од него (како што правам со многу други здрави состојки), па дури потоа да смислам идеја како да го зготвам на начин што би создала здрав, а сепак вкусен оброк. Ова е еден од моите експериментални рецепти што се покажа како многу, многу …

Француски тост

Ок, сега и официјално можам да кажам дека нема подобар начин да се започне денот од ден започнат со француски тост за појадок! Прелесен е за подготовка и е неверојатно вкусен!

Македонска кујна: Бакардан или Качамак

За денес ви приготвив еден од најстарите, највкусните и најздравите македонски специјалитети: качамак или бакардан. Ова јадење се приготвува многу лесно, а ќе ви треба само палента (или пченкарно брашно), грчки јогурт, путер, сирење и малку пршута по желба. Пченкарното брашно има многу позитивно влијание на целокупното здравје на човекот, а најважната работа кај ова …

Мароканско пилешко во шафран 🇲🇦

Мароканското пилешко во шафран е неверојатно ароматично јадење, многу лесно за подготовка и ви нуди неверојатни нови вкусови! Историјата на шафранот датира уште пред 3000 години и тој е еден од најскапите зачини што се користат во Ајурведата. Содржи антиоксиданти кои го зајакнуваат имунитетот и има антиинфламаторни и анти-габични својства. Медицинските својства на шафранот се …

Здрави палачинки од овесни снегулки

Ниту една нездрава торта или колаче не може да ми ја разбуди желбата за благо штом можам да си направам ваков здрав десерт дома. Можете ли да верувате дека сите состојки од кои се направени овие палачинки се всушност добри за вашата исхрана? Уверете се и сами!