Сирова веганска торта

И десертот може да биде здрав! Следува рецепт за торта којшто НЕ СОДРЖИ брашно, рафиниран шеќер и масло.
Порции: 8 yield(s)
Подготовка: 30 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 40 мин.
Состојки
    Основа:
  • 200 g урми
  • 150 g бадеми
  • 150 g овесни снегулки
  • 4 tsp какао
  • 1/2 cup оризово млеко (наместо оризово млеко, може да користите бадемово или кокосово млеко)
  • Фил:
  • 2 банани
  • 200 g малини, капини или јагоди
  • 150 g индиски ореви (претходно оставени потопени во вода во период од 24 часа)
  • 1 tsp екстракт од ванила
  • tbsp вода
Инструкции
  1. Состојките за основата ги ставаме во блендер, а потоа добиената смеса ја поставуваме на чинија и ја обликуваме во правилна форма.
  2. Чинијата со основата ја ставаме во замрзнувач околу 40 минути. Во меѓувреме ги ставаме во блендер состојките за филот.
  3. Штом основата е убаво зацврстена, околу неа поставуваме хартија за печење, превиткана неколку пати и обликувана според обликот на тортата за да го спречи растекувањето на филот. Го ставаме филот врз основата и повторно ја враќаме чинијата во замрзнувач околу 2 часа.
  4. Штом филот е убаво зацврстен, ја вадиме хартијата и декорираме по желба. На здравје!