Здрав пудинг од чоколадо и портокал

Лесен за правење и исклучително вкусен рецепт за десерт којшто треба задолжително да се најде на вашата to-do листа. Имајте во предвид дека исто така е добар за вашето здравје. Направете го и споделете со мене дали ви се допаѓа!
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 10 мин.
Состојки
  • 3 банани
  • 1 tbsp вода
  • 1 портокал
  • 5 tsp какао
Инструкции
  1. Бананите ставете ги во блендер заедно со 1 лажица вода и испасирајте ги. Наместо вода може да ставите коцка мраз доколку сакате десертот да го јадете веднаш.
  2. Додадете го какаото и портокалот, и повторно блендирајте додека не добиете густа и хомогена смеса.
  3. Истурете го пудингот во садови за послужување, декорирајте по желба и оставете го во фрижидер да се излади половина час (доколку не користевте коцка мраз наместо вода).