Вегански десерт со мелени овесни снегулки

Овој пудинг може да го направите и да го јадете како појадок или десерт. Многу е вкусен и освежувачки и верувајте дека би го обожавале сите возрасти! Подгответе го и оставете го да отстои во фрижидер барем 1 час за најдобар вкус. Рецептот за здравиот џем кој се користи како состојка го имате тука.
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 20 мин.
Состојки
    Слој 1 и Слој 4
  • 1 банана
  • 1/4 шолја мелени овесни снегулки
  • 10 g мелени јатки (по желба)
  • 1 tsp какао
  • 1 tbsp вода
  • Слој 2
  • 1/4 банана (исецкана, залепена на ѕидовите на чашата)
  • 1/3 шолја експандирани интегрални снегулки
  • Слој 3
  • 2 tbsp здрав џем од малини (рецептот е во секција Намази)
  • 1 tbsp овесни снегулки
Инструкции
  1. Измелете ги овесните снегулки (и јатките) во блендер, додадете ја бананата, какаото и водата и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. СПодолете ја добиената смеса на половина за да имате за 1 и 4 слој (1 чаша).
  2. Поставете парчиња банана на ѕидовите на чашата и наполнете со експандирани интегрални житарки.
  3. Додадете слој од здрав џем од малини и слој од кокосови снегулки.
  4. Завршете со четвртиот слој (остатокот од чекор 1). Декорирајте по желба со какао или овошје.