Шведски здрави ролни со цимет (Kanelbullar) 🇸🇪

Kanelbullar е класика во шведските кафулиња и домови (време на фика - време за пријатели и колеги да споделат шолја кафе и колаче). За време на златното доба на домашното печење во Шведска, ваквите забави се претворија во мини-фабрики за разни пецива и колачи. Оваа традиција и ден денес живее во Шведска. Ако престојувате таму и ве поканат во нечиј дом на кафе, тогаш знајте дека секогаш со кафето ќе добиете ролна со цимет, колаче или парче торта. Добив многу барања од вас да направам поздрава верзија на овие слатки задоволства, па еве ги направив и ги комплетирав уште и со вкусен ванила крем. Уживајте!
Порции: 16 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 90 мин.
Вкупно време 100 мин.
Состојки
    Тесто
  • 250 g интегрално брашно
  • 250 g обично брашно
  • 10 g прашок за пециво
  • 3 tbsp маслиново масло (бавно додадено, лажица по лажица за време на месењето)
  • 3 tbsp растително или обично млеко (бавно додадено, лажица по лажица за време на месењето)
  • 2 tbsp млака вода (бавно додаденa, лажица по лажица за време на месењето)
  • 1 јајце (за тестото)
  • 1 јајце (за премачкување пред печење)
  • Фил
  • 2 праски (или 4 кајсии)
  • 2 tbsp чиа семе
  • 1 tbsp топла вода
  • 1 tbsp мед
  • 1 tbsp цимет (ставете повеќе ако сакате)
  • Крем
  • 1 белка од јајце
  • 1 tsp мед (ставете повеќе ако сакате)
  • 1 tsp екстракт од ванила
Инструкции
  1. Замесете го тестото (додавајте ги течните состојките во сувите лажица по лажица со постојано мешање), оформете топка и оставете ја да отстои 1 час.
  2. Во меѓувреме ставете го овошјето и топлата водата во блендер, па смесата ставете ја во сад. Ддадете мед, цимет и чиа семе и оставете ја да отстои додека не добиете густ џем (околу 20 минути).
  3. Засукајте го тестото во вид на правоаголна тенка кора, премачкајте го со смесата од овошје и цимет, па замотајте го во ролна. Ролната исечете ја на парчиња со дебелина од 1цм кои ќе ги наредите во подготвен плех за печење во хоризонтална положба.
  4. Премачкајте ги ролничките со матено јајце и печете ги 30 минути на 180 степени.
  5. Врз секоја печена ролна од цимет ставете малку ванила крем подговен со матење на 1 белка од јајце, мед и ванила екстакт (матете со миксер). Декорирајте со лист од растение слаткарче за уште подобар вкус.