Чоколадни протеински палачинки

Порано никогаш не можев ни да замислам дека овој десерт со неверојатен изглед може да биде здрав. А сепак, ова што го гледате е целосно здраво! Можеме да претвориме сè во здрава храна, само бидете тука со мене и не плашете се да влезете во вашата кујна и да создавате чуда!
Порции: 10 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 20 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
  • 1 јајце
  • 1/2 шолја овесни снегулки
  • 1 tbsp протеин во прав (јас користев со вкус на чоколадо)
  • 1 tsp прашок за пециво
  • 1 tsp цимет
  • 1/3 шолја растително млеко
  • 1/4 шолја грчки јогурт
  • 1 tsp ванила екстракт
Инструкции
  1. Измешајте ги сите состојки во блендер. Јас користев чоколаден протеин во прав, но ако немате, можете да користите обичен протеин во прав и да додадете малку какао. Загрејте ја тавата во којашто ќе правите палачинки, ставајте во неа од смесата со лажица и обликувајте кружни палачинки. Пржете ги по една минута до две од секоја страна. Филувајте по желба.