Чоколаден мус без чоколадо

Поздрав до сите страствени љубители на чоколадо, знам дека би го јаделе секој ден! Денес за вас имам здрава замена за десерт од чоколадо којашто е екстремно вкусна и едноставна. Дополнително на тоа, може да ја приготвувате во најразлични варијанти додавајќи различни дополнителни состојки.
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 10 мин.
Состојки
  • 3 банани
  • 2 tsp какао
  • 1 tsp вода
  • 30 g јагоди, малини или слично овошје
Инструкции
  1. Состојките се миксираат во блендер и смесата се истура во садови за послужување.
  2. Може да декорираме со парчиња овошје или кокос по желба. Доколку во смесата имаме ставено замрзнато овошје, десертот може да се послужи веднаш, во спротивно се остава половина час во фрижидер да се излади со цел да има уште поубав вкус. На здравје!