Француски тост

Ок, сега и официјално можам да кажам дека нема подобар начин да се започне денот од ден започнат со француски тост за појадок! Прелесен е за подготовка и е неверојатно вкусен!
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 15 мин.
Вкупно време 20 мин.
Состојки
  • 4-6 парчиња интегрален или 'ржан леб
  • 1/2 шолја растително млеко (може и обично)
  • 1 tsp цимет
  • 1 јајце
  • 1 tsp екстракт од ванила
  • 2 tbsp кокосово масло
  • 100 g овошје
  • 3-4 tbsp Чоконела намаз, мед или маџун
Инструкции
  1. Измешајте го млекото, екстрактот од ванила, циметот и јајцето во плиток сад. Потопете ги парчињата леб (пресечени на половина) и пржете ги по 1-2 минути од секоја страна во тава за готвење со загреано кокосово масло. Штом се готови прелијте ги со здрав намаз, мед или маџун и декорирајте со парчиња овошје.