Тропска торта (без печење)

Сакате да направите торта, но немате рерна? Или имате рерна, но немате време? Обидете се со некои од моите рецепти за торта од фрижидер, едноставни идеи за торти кои се прават брзо и се совршени за да ги изненадите вашето семејството и пријателите. Станете уметник во правењето торти без печење. Пробајте ја оваа тропска торта.
Порции: 6 yield(s)
Готвење: 15 мин.
Состојки
  • 800 g кисела павлака
  • 1 kg бисквити - најдобро е домашни, но ако немате може и готови (1/2 мелени бисквити, 1/2 цели бисквити)
  • 1 tbsp екстракт од ванила
  • 1/2 cup млеко (животинско или растително)
  • 200 g тропско или било какво друго овошје (јас користев манго, папаја и ананас)
Инструкции
  1. Во сад ја истураме павлаката и сразмерна количина на мелени бисквити. Додаваме една лажица шеќер во прав и мешаме со лажица истовремено додавајќи мелени бисквити или евентуално многу мала количина на шеќер во прав, и обидете се да го достигнеме преферираниот сладок вкус.
  2. Во смесата ставаме парчиња тропско овошје. Во сад ги редиме целите парчиња бисквити, претходно ставени во млако млеко за да омекнат. Редиме ред бисквите, ред фил се' додека имаме смеса.
  3. На крај посипуваме со парчиња овошје и мелени бисквити и тортата ја оставаме неколку часа во фрижидер со цел да се зацврсти филот.