Тикварник со прелив од ванила

Мора да го пробате ова дома, и тоа повеќе од еднаш во периодот што следи. Надвор ладно, дома топло. Шолја какао и тикварник со прелив од ванила. Мх! А, аромата што ќе ја исполнува вашата куќа при печењето на ова чудо !? Тоа едноставно мора да се почувствува. Па што чекаме?
  • Комплексност: Лесна
  • Категорија:
Порции: 6 yield(s)
Подготовка: 20 мин.
Готвење: 40 мин.
Вкупно време 60 мин.
Состојки
    За тикварникот
  • 1 средна тиква (Околу 1кг.)
  • 2 јајца
  • 1 tbsp прашок за пециво
  • 2 tbsp интегрално брашно
  • 2 tbsp мед
  • 1/2 tbsp цимет
  • За преливот
  • 1 tbsp кисела павлака или грчки јогурт
  • 1/2 tbsp мед
  • 1/4 tsp екстракт од ванила
Инструкции
  1. Исечете ја тиквата на тркалезни парчиња и излупете ја. Варете го во мала количина на вода (колку да ја покрие) во времетраење од 20 минути.
  2. Испасирајте ја тиквата со лажица и додадете ги сите други состојки. Печете го тикварникот околу 40 минути, додека не добие убава кора. Оставете го целосно да се олади пред да го исечете на парчиња.
  3. Измешајте ги состојките за преливот од ванила и кога ќе биде убаво соединет истурете го врз секое парче торта од тиква пред да го послужите. Додадете малку цимет врз преливот за уште подобар вкус.