Смути Предизвик Ден 1: Розово смути

Ви го претставувам моето смути за ДЕН 1 од Смути Предизвикот на Bet You're Hungry! Ќе го наречам розово смути поради прекрасната светла розова боја, а морам да признаам дека многу ми се допадна поради слаткиот вкус и кремастата структура. Згора на тоа ги содржи сите витамини што треба да ги прими една возрасна личност преку здрав појадок. Јас ги користев следниве состојки: замрзнат спанаќ, малини, банана, мед, ленено семе, путер од кикирики и оризово млеко. Каква вкусна детоксикација, нели? Уживајте!
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 10 мин.
Состојки
  • 1 полна рака спанаќ
  • 1/2 шолја малини
  • 1 банана
  • 1 шолја оризово млеко
  • 1 tsp ленено семе
  • 1 tsp мед
  • 1 tbsp путер од кикирики
Инструкции
  1. Соединете ги сите состојки во блендер, префрлете ја течноста во чаша или чинија и уживајте!