Сицилијанско песто со сушени домати (песто Росо)

Ова е нешто коешто имав намера да го направам веќе подолго време, па решив да го приготвам пред неколку дена. Вкусот? Уф! Има толку свеж вкус што ме потсетува на лето! Има живописна боја и длабока сицилијанска нота која е резултат на комбинацијата од бадеми, лук, билки и маслиново масло. Може да се сервира со тестенини, вашите омилени меса и риба или како вкусен намаз за некој интегрален сендвич. Ако ви се допаѓа обичниот сос од песто, тогаш ќе го ОБОЖАВАТЕ овој вид на песто сос. Јас го комбинирав со моцарела и интегрална тарана. На здравје!
Порции: 12 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 10 мин.
Состојки
  • 1 шолја сушени домати
  • 1/3 шолја несолени бадеми (мелени)
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 tbsp свеж рузмарин
  • 1/3 tsp сол
  • 1/4 црн бибер
  • 6 tbsp маслиново масло
Инструкции
  1. Ставете ги сите состојки во процесор за храна и процесирајте ги додека не се добиете хомогена смеса. Да се ​​чува во тегличка во фрижидер, максимум 5-7 дена.