Салата од лубеница, сирење и нане

Оваа уникатна комбинација може да се користи и како салата и како десерт - но пред сè, таа е совршена за ова лето. Салатата со зрела лубеница во комбинација со сирење и нане во мојов случај е едноставно зачинета со маслиново масло и лимонов сок, и верувајте - има феноменален вкус. Слатко-солена комбинација која ќе изгледа прекрасно на вашата трпезариска масата. На здравје!
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 10 мин.
Состојки
  • 8 коцки лубеница
  • 7 коцки сирење
  • 1/2 tsp маслиново масло
  • 1/2 сок од лимон
  • few листови нане или сушено нане
Инструкции
  1. Исечете ги лубеницата и сирењето на коцки (фета или друго сирење).
  2. Наредете ги коцките како на фотографиите и посипете ги со маслиново масло, сок од лимон и нане.