Појадок: 5 едноставни рецепти за овесен појадок

Овие лесни рецепти за овесен појадок (отстојан во текот на ноќта) претставуваат здрави оброци коишто можете да го направите однапред за да имате готов појадок во брзите работни денови. Исто така добро е што со нив може да експериментирате и да им ставате разни додатоци. Ги правите попладне, ги оставате во фрижидер во текот на ноќта и ги јадете за појадок во следното утро. Ете толку едноставно! Основни намирници кои треба да ги имате дома се овесни снегулки, путер од кикирики или од јатки, овошје, чиа семе, какао, темно чоколадо, јаткасти плодови, мед и млеко или грчки јогурт. Погледни ги овие 5 рецепти и спремете се за предизвикот што следи!
Порции: 1 yield(s)
Подготовка: 5 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 10 мин.
Состојки
    1. ВАНИЛА ЧИЗ КЕЈК ОВЕСЕН ПОЈАДОК
  • 2 tbsp овесни снегулки
  • 3 tbsp топло млеко (растително или обично)
  • 1/2 tsp мед
  • 1 tsp мелени лешници
  • Ред 2
  • 1/2 tsp чиа
  • Ред 3
  • 1/4 грчки јогурт
  • 2 tbsp топло млеко (растително или обично)
  • 1/2 tsp мед
  • 1 tsp чиа
  • 1/2 tsp овесни снегулки
  • Ред 4
  • 6-7 малини/капини
  • 2. ОВЕСЕН ПОЈАДОК ОД КАКАО И ПРАСКИ
  • 2 tbsp овесни снегулки
  • 3 tbsp топло млеко (растително или обично)
  • 1/2 tsp мед
  • 1/2 tsp какао
  • Ред 2
  • 3 коцки рендано темно чоколадо
  • 1/4 тенко пресечена банана
  • Ред 3
  • 2 tbsp овесни снегулки
  • 3 tbsp топло млеко (растително или обично)
  • 1/2 tsp мед
  • 1/2 tsp чиа
  • Ред 4
  • 1.5 tsp здрав џем од праски и цимет (најдете го рецептот во секција намази и сосеви)
  • 3. ОВЕСЕН ЧИЗ КЕЈК ПОЈАДОК СО ЈАГОДИ И ЛЕШНИЦИ
  • 2 tbsp овесни снегулки
  • 3 tbsp топло млеко (растително или обично)
  • 1/2 tsp мед
  • 1 tsp путер од лешници
  • Ред 2
  • 2 сецкани јагоди (или друго црвено овошје)
  • Ред 3
  • 1/4 грчки јогурт
  • 1.5 tsp мед
  • Ред 4
  • 6-7 јагоди (или друго црвено овошје)
  • 1 tsp мелени лешници
  • 4. ЗДРАВ ОВЕСЕН ПОЈАДОК ОД ЈАТКИ
  • 1 tbsp чиа
  • 2 tbsp топло млеко (растително или обично)
  • 1/2 tsp мед
  • Ред 2
  • 1 tsp мелени бадеми или лешници
  • Ред 3
  • 2 tbsp овесни снегулки
  • 3 tbsp топло млеко (растително или обично)
  • 1/2 tsp мед
  • 1 tsp путер од кикирики или лешници
  • 1 tsp мелени бадеми или лешници
  • Ред 4
  • 1 сецкани урми
  • 2 коцки рендано темно чоколадо
  • 3-4 кршени ореви
  • 5. ОВЕСЕН ПОЈАДОК СО ЏЕМ ОД МАЛИНИ
  • 2 tbsp овесни снегулки
  • 3 tbsp топло млеко (растително или обично)
  • 1/2 tsp мед
  • 1/2 tsp какао
  • 1 tsp мелени лешници
  • Ред 2
  • 1.5 tsp џем од малини
  • Ред 3
  • 2 tbsp овесни снегулки
  • 3 tbsp топло млеко (растително или обично)
  • 1/2 tsp мед
  • Ред 4
  • 1 tsp мелени лешници
  • 6-7 малини
  • 1/2 tsp мед
  • 1/2 tsp кокосово брашно
Инструкции
  1. Состојките од секој ред измешајте ги посебно и редете ги во тегличките ред по ред по дадениот распоред.
  2. Така приготвениот појадок треба да отстои во фрижидер и да се јаде следното утро.